ЦУК: До 13 часот евидентирани се 13 пожари

5

Центарот за управување со кризи известува дека до 13:00 часот на територијата на Република Македонија евидентирани се 13 пожари од кои, 4 се активни, 4 ставени под контрола и 5 изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ:

  • Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино – планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
  • Општина Прилеп: с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (под контрола), друг крак према с. Градешница (Опш. Новаци) и трет крак кон границата со Р. Грција (мешана шума);
  • Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп), и Галиште и Трстеник (Кавадарци) (мешана шума и ниска вегетација);
  • Општина Крушево: Градска депонија кај м.в. Струнга (ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума).

Исто така противпожарните тимови од Словенија се веќе стационирани на градскиот стадион во Берово и се спремни за делување на најтешкиот пожар а тоа е на планината Готен.

Хеликоптерот од Чешка кој пристигна синоќа е веќе во функција од рано наутро.

Makedonski