Променливо време со нестабилност попладне – се најавуваат пороен дожд и грмежи

7

Денешниот ден ќе биде под влијание на променливо облачно време со сончеви интервали, но попладне и во текот на ноќта кон четврток се очекува поголема нестабилност. Според метеоролозите, на повеќе локации ќе има пороен дожд проследен со грмежи, а локално не се исклучуваат и краткотрајни невремиња.

Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.

Температурите утрово се движат од 12 до 20 степени, а максималната дневна ќе достигне меѓу 26 и 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во ноќните часови има услови за повремен дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од 17 до 32 степени.

Нестабилноста ќе продолжи и во четврток, кога повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи. Од петок до сабота времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури. Нов бран на нестабилност се предвидува веќе од недела, со тенденција да продолжи и во почетокот на следната недела.

Makedonski