Швајцарија обезбедува 7,5 милиони франци за јакнење на јавните комунални претпријатија во Македонија
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување договори во рамки на новата швајцарска поддршка насочена кон јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија во земјава.
Како што информираат од ресорното министерство, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, и амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман.
Договорите, со вкупна вредност од 7,5 милиони швајцарски франци, предвидуваат техничка и финансиска поддршка за јавните комунални претпријатија во седум општини низ Северна Македонија. Целта е подобрување на нивната отпорност, ефикасност и долгорочна одржливост.