Затворен дел од булевар „11 Октомври“ во Скопје поради снимање филм
Министерството за внатрешни работи информира дека вечерва, поради снимање филм, од 20:00 до 04:00 часот ќе биде затворен за сообраќај булеварот „11-ти Октомври“ во Скопје, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, во двете насоки.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници за време на затворањето на овој дел од булеварот.