Салиу: Сѐ додека не сум осуден, не чувствувам вина – судот треба да ја води постапката

4

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, денеска изјави дека не чувствува вина во врска со случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за кој се води истрага во која и тој е опфатен.

„Се додека не бидам осуден, не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката“, рече Салиу, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на настанот по повод одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст – 2 Август.

Тој нагласи дека „не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка“, потсетувајќи на принципот на презумпција на невиност.

Во врска со користењето на службено возило при неговото појавување во судот, Салиу посочи дека бил на работна обврска и оти не бил отсутен од државата. „Не бев на одмор, не бев никаде. Напротив, во рамки на моите должности, се пријавив“, истакна тој.

На новинарското прашање зошто со службено возило отишол во судот, одговори дека е на работа од 8 до 17 часот и оти тоа било во рамки на неговиот работен ден.

Makedonski