Бујар Салиу именуван за нов помошник началник на СВР Битола
Долгогодишниот полициски службеник од Битола, Бујар Салиу, е назначен за нов помошник началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола.
Салиу важи за искусен и докажан професионалец во полицијата, а решението за негово именување е донесено од страна на Министерството за внатрешни работи на 24 јули 2025 година.