Петиција против кандидатурата на Максим Димитриевски во име на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово?!
Денеска на социјалните мрежи циркулира „Петиција против кандидатурата на Максим Димитриевски во име на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово“ која е потпишана од членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Куманово.
Во петицијата се вели:
Ние, долупотпишаните членови, симпатизери и граѓани на Општина Куманово, јавно се спротивставуваме на евентуалната одлука за поддршка или заедничка кандидатура на Максим Димитриевски од страна на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во 2025 година.Причини за нашата одлука
Во текот на изминатите 4 години, Максим Димитриевски, како градоначалник и „независен“ партнер на ВМРО, не испорача никакви конкретни резултати во интерес на граѓаните на Куманово.Градот останува запуштен, со нефункционални објекти, празни ветувања и симболична инфраструктура.Социјалната правда, урбаното уредување и локалниот економски развој не поместија ни милиметар.Ниту еден значаен проект во коалициска соработка не беше реализиран.Напротив – имаше блокади, популизам и злоупотреба на институциите за личен пи-ар.Денес, само неколку поединци – т.н. “преговарачки тим” на ВМРО со ЗНАМ – директно профитираат од овој договор, уживајќи привилегии и бенефиции.Тоа не е партија. Тоа е приватен договор на 3-4 политички “пудлици” што не го претставуваат мнозинството од нас.Членството на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово е сведено на заложници на туѓа агенда.Ние не сме декор во личните аранжмани на “локалните цареви”.Нашите барања:ВМРО-ДПМНЕ да настапи со свој кандидат за Куманово, со поддршка од членството и во интерес на граѓаните.Да престане пазарењето зад грбот на активистите кои со години го носат теретот на партиската борба.Да се врати гласот на базата, а не само на “стратешките” преговарачи.Куманово не е ничија сопственост.Не прифаќаме да бидеме политичка валута во размена за функции!Петицијата е отворена за сите членови, активисти и граѓани кои веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да има достоинствен, чесен и свој пат во Куманово.