Тројца загинати, дете повредено во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово, во која животот го загубија три лица, а едно дете е повредено.
Според првичните информации, до несреќата дошло при судир помеѓу патничко возило од марката „Опел“ со тетовски регистарски ознаки и автобус. На самото место загинале маж и жена, додека трето лице – жена – им подлегнала на повредите во Клиничката болница во Тетово.
Повредено дете, кое исто така било во возилото, е префрлено во болница каде му се укажува медицинска помош.
На терен се јавен обвинител, полициски екипи и противпожарна служба, кои вршат увид за да се утврдат причините за трагичната несреќа.