Предизборен прелет – Мишко Ралев од СДСМ преминува во тимот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ

9

Професорот Мишко Ралев, кој до неодамна важеше за еден од најсериозните кандидати за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, од денеска е официјално дел од изборниот тим на Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори оваа есен.

„Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето искуство, визија и интегритет, претставува силна поддршка и мотивација за нас“, објави Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, додавајќи дека академската заедница ќе има заслужено место во неговата визија за модерно и напредно Скопје.

Ралев е актуелен декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, како и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Во времето на лидерството на Димитар Ковачевски, Ралев беше член на Извршниот одбор на СДСМ.

Кандидат на СДСМ за скопски градоначалник е Каја Шукова, потпретседателка на партијата и поранешна министерка за животна средина и просторно планирање.

Makedonski