Обвинение за организирана група која фалсификувала евра — продале лажни пари во вредност од над 100.000 евра
Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт против пет лица осомничени за фалсификување пари, а првообвинетиот и уште едно лице се гонат и за дополнително кривично дело — правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување пари.
Според обвинението, од крајот на 2023 до февруари 2025 година, на територија на Северна Македонија и Србија, првообвинетиот организирал злосторничка група составена од македонски и српски државјани, чија цел била изработка и дистрибуција на фалсификувани евра.
Првообвинетиот нелегално набавил опрема и материјали за производство на лажни банкноти со апоени од 20, 50, 100 и 200 евра. Парите потоа биле продавани на територија на Србија по цена од 25 до 30 отсто од нивната номинална вредност. Шестообвинетиот, пак, изработувал и одржувал машини за фалсификување.
Во периодот од јуни 2024 до јануари 2025 година, групата продала вкупно 114.150 лажни евра за сума од 42.400 евра, стои во соопштението на Обвинителството.