Додик осуден на една година затвор и шестгодишна забрaна за политичка активност
Апелациониот оддел на Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска Милорад Додик, пишува Н1.
Во првостепената пресуда, изречена на 26 февруари Додик беше осуден првостепено на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност.
Жалби поднесоа и Додик и Обвинителството, но со одлука на Апелациското советување истите беа одбиени.
Обвинителството бараше построга казна, додека одбраната се залагаше за укинување на пресудата.
По изрекувањето на пресудата, Додик изјави дека станува збор за политичка одлука и оцени дека Судот на БиХ е „политички суд“. Тој најави дека ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на РС и дека нема да има вонредни избори.
Одбраната најави жалба до Уставниот суд и евентуално обраќање до Европскиот суд за човекови права.
Случајот против Додик се водеше поради обидите на институциите на РС да спречат спроведување на одлуките на Уставниот суд и високиот претставник на територијата на ентитетот.