Традиционални илинденски чествувања во Крушево, Пелинце и Скопје
Денешниот празник „Илинден“ во главните меморијални центри помина без многу помпа и некаков којзнае каков празничен порив во споредба со чествувања од некои минати времиња.
Традиционалните почести од страна на институциите на државата распределени на сите три локации од која најзбунувачка беше одлуката на премиерот како институција, која редовно прославува во Крушево овој пат да „остане“ во Скопје.
Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова од Мечекин Камен порача дека:
Не сме стебло без корен и не се откажуваме од патот кон Европската унија.
Таа ја акцентираше Крушевската република како предвесник на Асномска Македонија:
Крушевската република била демократска, инклузивна кон различните, но и краткотрајна државна творба. Сепак, не смее да се превиди дека таа е вистинскиот предвесник на македонската нова република: Асномска Македонија! Да ве потсетам: не случајно, на ден Илинден 1944-тата, Панко Брашнаров го отворил првото, државотворно заседание на АСНОМ сеќавајќи се на „оазисот на слободна Македонија – Крушовската Република“.
Во меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце пак немаше политички пораки и во тишина беше оддадена почит од страна на потпретседателката на македонското Собрание, Весна Бендевска, политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВМРО-Народна партија, НСДП, Левица како и дипломатскиот кор и невладиниот сектор.
Скопје како и секогаш, институциите го одбележаа празникот пред споменикот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев и пред споменикот на првиот претседаетел на Президиумот на АСНОМ – Методија Андонов Ченто