Филипче од Крушево: Илинден е темелот на државата – време е да ја продолжиме борбата за Европска Македонија

15

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Крушево упати честитка по повод големиот национален празник – Илинден, одбележувајќи 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ.

Честит Илинден од Крушево – симболот на храброста и слободата, местото каде што започна револуцијата и борбата за самостојна и независна држава.

истакна Филипче во своето обраќање.

Тој нагласи дека Илинден не се однесува само на 1903 година, туку и на 1944-та – двата клучни датуми во македонската историја кои, како што рече, ја поставиле основата на современата македонска држава.

Не смееме да ги заборавиме жртвите кои го дадоа животот за слободата. Благодарение на нив, денес живееме во модерна и напредна држава која тргна од тешко минато – сиромаштија, неразвиеност и феудализам.

рече тој.

Филипче подвлече дека предизвиците не се завршени и дека, иако денес борбата не се води со оружје, мирновременската мисија за напредок и приклучување кон Европската Унија останува клучна.

„Да се избориме за европска Македонија е нашата современа задача. За тоа е потребно единство, а не поделби. Да ги надминеме етикетите – кој е патриот, а кој предавник. Вистински патриотизам е секој напор за подобра иднина на државата“, порача Филипче.

Makedonski