ОФМ денеска го затвора конкурсот за нови селектори
Денеска истекува рокот за доставување на апликации за селекторските места во машката и женската одбојкарска репрезентација на Македонија. Одбојкарската федерација на 12 декември го објави конкурсот за избор на селектори на машкиот и женскиот сениорски национален тим, откако беше избрано и новото раководство.
Машкиот сениорски тим последен го водеше Хари Наковски, додека селектор на дамите беше Србинот Стефан Пауновиќ. Машката и женската одбојкарска репрезентација на Македонија веќе во мај ги очекуваат настапите во новите изданија на Златната и Сребрената лига на ЦЕВ.