Во мотоциклистичка несреќа во Чешка загина бизнисменот Душко Чифлиганец
Познатиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец, заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“ и директор на Adora Living Solutions, трагично го загуби животот при мотоциклистичка трка во Брно, Чешка, пренесува Локално.мк.
Несреќата се случила за време на натпреварувањето, кога Чифлиганец паднал од моторот и задобил тешки телесни повреди, особено во пределот на главата. Тој веднаш бил пренесен во болница, но и покрај обидите на лекарите да го спасат, починал од здобиените повреди.
Чифлиганец беше познат како страствен љубител на брзинскиот мотоциклизам — спорт со кој се занимавал уште од детството, а последните две години активно учествувал и на меѓународни натпревари.
Покрај деловниот ангажман, Чифлиганец беше препознаен и по својата посветеност на хуманитарната работа, особено преку активностите на „Адора Бизнис Групација“, која реализира заеднички хумани иницијативи со Фондацијата Новак Ѓоковиќ и во Србија.