Четири активни пожари низ Македонија, под контрола уште два – ЦУК со нов биланс

2

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека на територијата на државата се активни четири пожари, лоцирани во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод.

Во атарот на селото Богомила, општина Чашка, гори мешана шума. Во Липковскиот регион, пожар беснее помеѓу селата Ваксинце и Слупчане, каде е зафатена нискостеблеста шума. Слична состојба е регистрирана и кај селото Дречевица во општина Студеничани, каде гори планинска шума. Во Македонски Брод, пожар зафати деградирана нискостеблеста шума во близина на селото Грешница.

ЦУК информира дека под контрола се ставени пожарите кај селото Стровија, во општина Долнени – во реонот зад местото Гајдарец – Клепало, и во општина Желино, кај селото Церово, каде што гореше мешана шума.

Во изминатите 24 часа, биле евидентирани вкупно 23 пожари на отворено, од кои 17 се целосно изгаснати. Институциите продолжуваат со теренски активности за справување со останатите жаришта.

Makedonski