Страшно невреме над Скопје, пороен дожд и град со големина на цреша
Околу 17:00 часот Скопје го зафати силно невреме пропратено со пороен дожд, грмежи, ветер и обилен град со големина на цреша.
Во моментов сите главни улици се преплавени,а возачите кои се движат по улиците бараат скриен простор за да може да се сокријат од невремето проследено со град.
Во моментов нема информации за штети освен паднато дрво во паркот позади зградата на Владата.