Изгаснат е пожарот во фабриката „Мирана“, но пожарникарите дежураат за да не се разгори повторно

5

Пожарот што избувнал синоќа во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес, е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи.

Според првичните сознанија од СВР Велес, гореле магацин, во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема и канцелариски простории во кои настрадале документација и други материјали. Пожарот траел речиси цела ноќ, а во гаснењето учествувале пожарникари со три противпожарни возила од ТППЕ Велес, едно возило од ЈКП „Дервен“, две специјални пренаменети возила на ДЗС, а присутни биле и шест полициски службеници од СВР Велес.

ЦУК информира дека сѐ уште има слаби чадења на одредени места во фабриката, а за да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се сѐ уште присутни на терен.

Makedonski