Нестабилно време со пороен дожд и грмежи, можно и невреме
Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локални врнежи од дожд проследени со грмежи. На одделни места се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси, кои може да преминат во краткотрајно невреме, со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.
И во Скопје времето ќе биде нестабилно. Делови од скопската котлина ќе бидат зафатени од пороен дожд и грмежи, со можност за силен ветер и изолирана појава на град.