Во Струга правеле изложба на автомобили после полноќ, интервенирала полицијата
Полицијата во Струга одземала пет возила, откако повеќе од 500 лица правеле изложба на над 120 возила на паркинг, создавале бучава, го нарушиле јавниот ред и мир и не сакале да си заминат. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, изложбата се случувала после полноќ, од 00:30 до 2 часот.
Веднаш по пријавување на случајот, полицијата од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Струга излегле на местото, каде затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Откако одбиле да си заминат полицијата ангажирала дополнителни служби за состојбата да ја стави под контрола. Биле одземени пет возила, а биле констатирани и осум други прекршоци.