Цените во угостителството пораснаа за 5% во јули споредено со лани

4

Цените на угостителските услуги во земјава забележале пораст од 5 проценти во јули годинава, споредено со истиот месец лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците, во однос на јуни, најголемо зголемување е забележано кај алкохолните пијалоци – за 1,6 проценти. Цените на храната пораснале за 0,4 проценти, безалкохолните пијалоци за 0,9 проценти, а ноќевањата за 0,2 проценти.

Во периодот од јануари до јули 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, угостителските цени се зголемени за 5,3 проценти. Во однос на декември 2024 година, порастот изнесува 1,6 проценти.

Makedonski