Мурињо ја напушти Турција со пет куфери: Немам стопер, немам лев бек…
Кога ќе го доведете Мурињо, точно знаете што сакате – трофеи. Фенер токму тоа го бараше од најдобриот тренер на денешницата, но на актуелниот тим на Фенер му е тешко да му парира на Галатасарај.
Португалецот беше виден на аеродромот во Истанбул со пет куфери. Поради здравствени проблеми ја напушти Турција и се врати во Англија. Празниците не се онакви какви што замислуваше, особено не поради -8 против Галата, но знаете Жозе, нема предавање кај него.