Будва е една од најпопуларните приморски дестинации во Црна Гора, сместена на Адријатското Море, позната по Стариот град и песочните плажи како што се Словенската плажа и плажата Јаз кои совршено се вклопуваат во мозаикот на природата и културата.
Будва има и цела палета од ноќен живот — од chill-lounge барови и живописни pub – барови до огромни плажни и клубови со врвни диџеи. Па така штом сонцето ќе зајде над Јадранот, Будва добива сцена за ноќна магија, почнувајќи од врвниот супер-клуб Top Hill, лоциран на врвот на ридот, па се до Omnia ноќниот клуб во центарот на Будва.
Дефинитивно Top Hill е must‑see летно искуство кое плени со спектакуларната локација како и со осветлувањењето што даваат една комплетна вибрација што токму овој клуб се издвојуваа како најпопуларен во регионот, а музиката нема да ве остави рамнодушни.
Имено Тop Hill се наоѓа на ридот Топлиш, околу 1.5‑2 km од центарот на Будва, на надморска висина од 160 м, и да стигнете до таму потребен ви е сопствен превоз или такси (вообичаено цената се движи од 2,5 е до 30 е).
Идеален за забава до раните утрински часови е и класичниот beachfront клуб –Trocadero – со реплика на Ајфеловата кула во средината на подиумот за танцување, кој често е познат по балканските и поп хитовите, веднаш до Словенска плажа кој ветува незаборавни романтични пејсажи.
Ако сакате нешто поинтимно тогаш Стариот град во Будва и Casper Bar ќе направат атмосфера што ќе го подгрее теренот пред главната вечерна журка.
Вообичаено влезници се наплаќаат и цените варираат од 10 е – 20 е, меѓутоа честопати и влезот е и слободен.
Во просек цената за алкохолни пијалоци е од 5 до 20 е, коктелите во главно се движат од 11 до 25 е, додека резервација со пијалок е од 60 до 100 е.
Нокаут за ноќниот живот!
Градот нуди енергија и разновидност за сечиј вкус, ваше е да имате отворен ум и да ги земете вашите пријатели со вас!
Се гледаме во Будва.