Трамп најави можна мобилизација на војската за Олимпијадата во Лос Анџелес за 2028

Лос Анџелес за 2028 - Што ветува?

8

Доналд Трамп на 5 август најави можност за вклучување на Американската војска за обезбедување на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028. Имено тој додаде:

„Ќе направиме се што е потребно за безбедноста – вклучувајќи ја и војската… ако треба.“

Ова нема да биде прв ваков обид, ако земеме во предвид дека пред само два месеци тој издаде наредба за распоредување на илјадници воени припадници во Лос Анџелес за време на протестите и имиграциските рации.

Работната група која ќе биде формирана и предводена од него, ќе ги координира федералните напори со цел да се обезбеди безбедност и сигурен транспорт, исто така да има непрекината обработка на визи и акредитации за спортисти, тренери, официјални лица и медиуми,

Овие активности (од федерален аспект) за координација на Олимписки игри се стандардни, иако она што е невообичаено е токму што првиот човек ја води ваквата иницијатива лично.

✅ Зошто за Лос Анџелес 2028 ќе биде посебна:

Ова ќе биде трета Олимпијада во Лос Анџелес (1932, 1984 и 2028), и е првиот неевропски домаќин што ќе има чест да пречека повеќе од 4,400 спортисти кои ќе имаат можност да се натпреваруваат во повеќе од 23 спортови, а вклучени ќе бидат и нови дисциплини како Flag football, Скош, Кркет, Бејзбол, Сурфинг, како и многу други кои за прв пат ќе вклучат и мешани тимски дисциплини.

Лос Анџелес е идеален победник за 2028 – град со докажан успех, сигурна економија, готови спортски арени и моќен културен бренд што ветува спектакуларни, иновативни и успешни Олимписки игри.

Makedonski