ЦИК на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик по пресуда за непочитување на одлуки на високиот претставник

4

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе едногласна одлука за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако Судот на БиХ ја потврди пресудата со која тој е осуден на едногодишна затворска казна и забрана за вршење политички функции во наредните шест години.

Судот го прогласи Додик за виновен за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Предмет на спорот беше потпишувањето на декрет за закон што Шмит претходно го поништи.

По завршувањето на жалбената постапка, одлуката ќе стане правосилна. Во таков случај, Централната изборна комисија е должна во рок од 90 дена да распише предвремени избори за нов претседател на ентитетот Република Српска.

Одбраната на Додик најави дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд на БиХ, во обид да ја оспори пресудата. Владата на Република Српска веќе ја отфрли второстепената пресуда, оценувајќи ја како правно неоснована, неуставна и политички мотивирана.

И покрај конечната одлука на судот, Милорад Додик јавно изјави дека нема намера да се повлече од функцијата.

Makedonski