Возач од Швајцарија фатен како вози со 155 km/h – пријава за безобѕирно управување

6

Полициски службеници од Секторот за безбедност на патниот сообраќај Тетово на 5 август, во 11:35 часот, привеле 37-годишен државјанин на Швајцарија, А.Љ., поради опасно брзо возење.

При радарска контрола на пат надвор од населено место, било утврдено дека возачот управувал автомобил марка „Мерцедес“ со швајцарски регистарски таблички, со брзина од 155 километри на час, иако на тоа место максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Makedonski