НАЈНОВО: Форт Стјуарт во Џорџија е ставен под блокада, според изјава на портпарол на воената полиција, кој потврди дека „има активен напаѓач“

4

19:09: Официјално се пријавени петмина застрелани војници од пукањето во  воената база Форт Стјуарт. Исто така напаѓачот е уапсен.


Потполковник Анџел Томко, портпарол на Полициската служба на Форт Стјуарт, не даде дополнителни детали, но на верификуваната Фејсбук страница на базата Форт Стјуарт – Хантер Арми Ерфилд беше објавено: „Има пријавени жртви и ситуацијата сè уште трае.“

„Базата беше ставена под блокада во 11:04 часот (по американско време), а на местото на настанот се присутни безбедносните служби,“ се вели во објавата.

Форт Стјуарт е воена база на американската армија каде се обучуваат и распоредуваат активни и резервни единици, и е дом на 3. пешадиска дивизија. Се наоѓа околу 40 милји југозападно од Савана, Џорџија.

Повеќе од 10.000 луѓе — војници, членови на нивните семејства и цивилни вработени во армијата — живеат во базата.

Makedonski