Четврток под импресии од Среда – Сезона 2 од Wednesday
Што ќе се случува во Nevermore Академијата?
Нови мистерии, психички визии, и семејни тајни ветува втората сезона од оваа серија.
Имено Wednesday се враќа во Nevermore и овојпат имаме помалку романса, повеќе авантури и психолошки драми.
Сезона 2 ветува поголем мрачен тон, поголема мистерија и продлабочување на светот на Addams Family!
Во само 8 епизоди поделени на два дела 4 во Август, и 4 во Септември, Wednesday се враќа во Nevermore Академијата, по цело лето поминато во лов на сериен убиец, а со самото тоа и го проширува својот фокус, вклучувајќи ликови и приказни за повозрасната публика (Миленијалс и Ген X), благодарение на гостувачките улоги на актери познати во ’90‑тите.
Зпочнува со психичка преодна визија дека Enid Sinclair (Emma Myers) ќе умре, а Wednesday се обидува да ја спасува со помош на своите нестабилни моќи, а потоа се фокусира повеќе на хорор задржувајќи ги препознатливите елементи и кадри – кукли, пламени, летања на инсекти, птици, предсвестувања, и темни визии.
Да се потсетиме дека првата сезона имаше 8 епизоди, и со својата динамичност и мистерија уште во првата недела од промовирањето во 2022 година беше една од најгледаните серии на Netflix, чија чледаност 28 дена по промоцијата завршила со околу 752 милиони часови на гледање.
Рецензиите кажуваат дека распоредот во два дела, првите 4 епизоди во Август, па паузата од еден месец за вториот дел од сезона 2, ја нарушуваат динамиката и драматичноста.
Кое е вашето мислење? Дали Септември е предалеку?