Новите шампиони на УС Опен ќе добијат по 5 милиони долари!

2

Рекордни пет милиони долари ќе добијат најдобрите на претстојното Отворено првенство на САД. Секако, оваа премија важи за шампионите во поединечна конкуренција во обете натпреварувања.

Вкупниот награден фонд ќе изнесува 90 милиони долари, од кои околу една третина ќе бидат платени за даноци. Финалистите во сингл ќе добијат по 2,5 милиони долари, а победниците во двојки и мешани двојки по 1 милион долари.

Makedonski