Штом Шешко потпише за Манчестер Ј., Милан тргнува по Хојлунд
Ако Манчестер Ј. го затвори трансферот на Шешко, Данецот Расмус Хојлунд ќе го напушти „Олд Трафорд“. Последните информации од Англија велат дека иако Данецот изјави дека ќе остане во Манчестер Јунајтед и ќе се бори за своето место, сепак, доаѓањето на Шешко сериозно ќе ја смени ситуацијата, затоа што „црвените ѓаволи“ ова лето донесоа веќе две нови офанзивни засилувања.
Новинарот Џанлука Ди Марцио пишува дека Милан ја следи ситуацијата на Хојлунд и би можел да излезе со понуда за негова позајмица. На ваква опција би бил сигурно подготвен и Јунајтед.