Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) соопшти дека на последната седница на Управниот одбор е донесена одлука за разрешување на Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски од функциите потпретседатели на организацијата. Истовремено, тие се исклучени и од членството како претставници на компании-членки на Сојузот.
„Лицата повеќе немаат никаква формална или правна поврзаност со ССК и немаат овластување да се претставуваат во име на Сојузот“, се наведува во официјалното соопштение.
Од ССК апелираат до медиумите и јавноста да не го користат името или логото на Сојузот во контекст на јавни настапи, изјави или појавувања на разрешените лица, со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и дезинформации.
„Сојузот останува доследен на принципите на транспарентност и одговорност, работејќи во насока на унапредување на стопанството и економскиот развој на државата“, порачуваат од ССК.