Скендер Реџепи – Зејд кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

5

Пратеникот и лидер на „Народното движење“, Скендер Реџепи – Зејд, ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на Европскиот фронт. Кандидатурата беше објавена од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку објава на неговата официјална Фејсбук страница.

„По консултациите со лидерите на политичките партии вклучени во Националната алијанса за интеграција, со целосно единство и заедничка одлука, се договоривме нашиот кандидат за Скопје да биде Скендер Реџепи“, напиша Ахмети. Тој нагласи дека Реџепи е дипломиран филозоф со богато искуство во граѓанскиот сектор и моментално активен пратеник во македонското Собрание.

Според Ахмети, Реџепи претставува „јасна алтернатива за Скопје“, симбол на единството на прогресивните албански сили, и кандидат кој, како што рече, ја разбира реалноста, ги слуша граѓаните и се залага за еднаков развој на градот.

Националната алијанса за интеграција изрази уверување дека токму Реџепи ќе биде тој што ќе обезбеди инклузивно, правично и развојно водство за главниот град.

Makedonski