Непрекината енергија и опстанок без сончева зависност? Невозможна мисија или напредна визија…
Ова е само еден дел од плановите на НАСА која постојано со најразлични идејни решенија се труди да обезбеди постојана енергија на Месечината.
Што е „лунарен нуклеарен реактор“ од НАСА?
Fission Surface Power Project (FSPS)– е всушност проект за развој на фисионен реактор кој би можел автономно да произведува електрична енергија, независна од сончевата светлина, која е ограничена поради долгите лунарни ноќи. Доколку ова се покаже како успешно, ќе овозможи подршка на животните и научните експрименти без да бидат зависни од Земјата или Сончевата енергија, со оглед дека ќе обезбеди континуирана енергија во мракот.
Лунарната ноќ трае околу 14 дена – период кога соларната енергија е недостапна.
Така, еден лунарен ден (од изгрејсонце до изгрејсонце) трае околу 29.5 земски дена, а лунарната ноќ — половината од тој период — трае приближно околу 14 земски дена. За време на лунарната ноќ, температурата може да падне дури до –180 °C, а во засенчени кратери на половите, па и до –240 °C.
Ова преставува сериозен предизвик кога се во прашање сончевите панели бидејќи тие не работат без сончева енергија, а за време на ноќта нема достапност до енергија. Поради тоа, развојот на радиоизотопниот енергетски систем (RPS) — како што е термалната батерија од нуклеарни радиоизотопи — е клучна технологија за долгорочно функционирање.
Лунарните системи како интегрирани модули и технологии се развиваат се со цел да се обезбеди поддршка на експедициите и роботските мисии на Месечината кои ветуваат во иднина големи технолошки достигнувања.