Утре нов „марш на ангелите“ – родителите со барање за поддршка
Во Кочани утре ќе се одржи 17. издание на „Маршот на ангелите“, во организација на здружението на граѓани „16-ти март 2025“. Настанот ќе започне во 18:05 часот од Градскиот парк, а маршот ќе продолжи по главните институционални локации во градот – трговскиот центар, општинската зграда, локалната канцеларија на МВР, Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Според организаторите, маршот претставува симболичен протест против, како што наведуваат, задоцнетата реакција на надлежните институции која резултирала со трагични последици. Маршот се одржува во знак на сеќавање и со цел да се потсети на потребата од одговорност и ефикасност во постапувањето на државните органи.