Претреси во Демир Хисар поради сомнеж за фалсификување и уништување деловни книги

11

Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по наредба на Основното јавно обвинителство Битола, изврши претрес на три локации – во службените простории на едно училиште, како и во домот и автомобилот на пријавено лице, поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги.

Од ОЈО Битола потврдија дека наредбата за претрес била издадена од Основниот суд Битола за обезбедување докази. Претресите биле спроведени вчера, но засега нема официјални информации за евентуално пронајдени или одземени предмети.

Обвинителството истакна дека во постапката е испочитувана законската процедура и дека нема издадена наредба за приведување или итен распит на лицето.

Makedonski