Гори јужна Албанија, евакуирани неколку критични села

5

Голем шумски пожар го зафати јужниот дел на Албанија, при што во општина Финиќ изгореа две куќи, а жителите на селата Ливина и Ардасово беа евакуирани. Според локалните власти, најкритична е состојбата во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ, каде се вложуваат максимални напори за спречување на огнот да стигне до хидроелектраната „Бистрица“.

Високите температури и силниот ветер го забрзуваат ширењето на пожарот, во чие гаснење учествуваат пожарникари од повеќе општини, припадници на армијата и воздушни сили. На терен е присутен и министерот за одбрана Пиро Венгу, кој информира дека на постарите лица им е обезбедена медицинска помош, а поради безбедносни причини сообраќајот на патот Музина – Бистрица е ограничен до завршување на операцијата.

Makedonski