24 години од погибијата на бранителите кај Љуботенски Бачила

8

Во Скопје денеска ќе се одржат повеќе комеморативни настани по повод 24 години од загинувањето на осумтемина бранители – припадници на резервниот состав на Армијата, кои на 10 август 2001 година страдаа кај месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина.

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот, предводена од бригадниот генерал Орце Јордев, ќе положи венци пред неколку спомен-обележја, меѓу кои оној на Томислав Настевски во Ѓорче Петров, спомениците во Волково и Љубанци, како и спомен-плочата во касарната „Илинден“. Делегација од Собранието, во состав пратеничките Емилија Ангелова и Каролина Насковска, ќе оддаде почит во Љубанци.

Општина Ѓорче Петров ќе организира церемонија пред спомен-чешмата на Настевски – Бумбар во урбаната заедница Мирче Ацев, а централната манифестација ќе се одржи во Волково.

Покрај осумтемина бранители – Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски – денешните активности ќе ја одбележат и жртвата на Ацо Ангеловски, кој загина во 2000 година во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.

Makedonski