Лина Ѓорческа поразена во финалето во Куршумлијска Бања

6

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да се закити со трофеј на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања.

Во своето второ финале годинава, повторно на истото место, Ѓорческа беше поразена од првата носителка Мирјам Булгару од Романија, со 2:1 во сетови.

Тетовката го доби првиот сет со 7:5, но во продолжение Романката доминираше. Во вториот сет и препушти само еден гем (1:6), а во третиот не и дозволи да освои ниту еден (0:6).

Така, Ѓорческа остана без втора титула во Куршумлијска Бања годинава. Претходно, таа успеа да триумфира таму во финалето против Марта Матула од Грција.

Makedonski