[ОБНОВЕНО] Убиство во Тетово – Полицијата во активна потрага по напаѓачите
Денес (10.08.2025) во СВР Тетово било пријавено дека во 12:30 часот, на раскрсницата на улиците “Илинденска” и “Благоја Тоска” во Тетово, се случил вооружен инцидент помеѓу луѓе од две возила, кои по инцидентот и двете возила го напуштиле местото – едното се упатило кон улицата “113”, додека другото во непозната насока.
Според расположливите информации возилото кое се упатило кон улицата “113” било “Форд Фиеста” со тетовски регистарски таблички. Од контролата беше утврдено дека станува збор за дерегистрирани регистарски таблички од истото возило, во сопственост на ЕМ (19) од селото Гајре, Тетово.
При преземање на истражни мерки веднаш по инцидентот, на пресекот на улицата “Благоја Тоска” со улицата “107” било пронајдено возило “Фолксваген Голф” со регистарски таблички од Тетово, во сопственост на Ф.Р. (46) од Тетово. Во возилото било пронајдено мртво лице со прострелни рани.
Исто така од лице-место тројца повредени лица биле транспортирани во Клиничката болница во Тетово, меѓу нив и малолетно девојче од Тетово со прострелни рани, кое е задржано за набљудување. Другите две лица, О.О. (34) и Р.Т., со прострелни рани, биле транспортирани на Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје.
Во престрелката од возилата, пешак А.С. (60) од Тетово, кој бил минувач и бил пренесен во клиниките во Скопје, исто така бил повреден. Се преземаат мерки за разјаснување на случајот.