Шанса за Центар: Бараме јасни правила за независните

2

„Претставници на институциите со нејасното произнесување без да дадат официјални упатства за начинот на кој иницијативите можат да се кандидираат на изборите, кога веќе се распишани изборите и течат изборните рокови, се надоврзуваат на целосната конфузија која ја оркестрираа политичките партии за да ги истиснат ‘независните’ од играта.
Бараме јасни и недвосмислени правила веднаш. Продолжуваме да собираме потписи за регистрирање на политичка платформа за да ја избегнеме правната несигурност и законската неизвесност која ја создаваат партиите. Учеството на изборите е уставно право на граѓаните. Граѓаните имаат право на избор“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар по вчерашните информации од Државната изборна комисија за наводната можност за учество на локалните изборои на независни кандидати и здруженија.
Makedonski