Исак е решен никогаш повеќе да не заигра за Њукасл!
Александар Исак е решен никогаш повеќе да не заигра за Њукасл и не сака ништо повеќе од тоа да потпише за Ливерпул, барем така тврди новинарот Дејвид Орнштајн од „Атлетик“.
Ставот на Њукасл за Исак досега беше дека не го продава, но веќе неколку дена се истражува пазарот за негова замена. Засега нема на повидок ниту едно име кое би можело да заврши во дресот на „страчките“, а ситуацијата со Исак не е ни на повидок да се реши во нивна полза.