Директорката на демирхисарската гимназија утрово на информативен разговор во полиција

5

Директорката на демирхисарската гимназија, Маја Лозановска, утрово во придружба на својот адвокат Жаре Стеваноски се појави на информативен разговор во полицијата. Одбраната најави дека по распитот ќе побара со полициска придружба да се изврши увид во училиштето, посочувајќи сомнежи за провална интервенција во училишни простории непосредно пред претресот во нејзиниот дом.

Случајот трае од 8 август, кога полицијата изврши претрес во домот на Лозановска во потрага по училишниот печат. Во тој период таа била на боледување, а јавноста ја вознемири изјавата на надлежниот началник дека „и на носилки“ ќе ја донесе на информативен разговор, иако налогот се однесувал исклучиво на претрес.

Поради тоа, Министерството за внатрешни работи отвори дисциплинска постапка против началникот. Во меѓувреме, постапката против Лозановска продолжува по пријава за сомневање во кривично дело „одземање печат и службени документи“.

Makedonski