Љубојно од рано утрово повторно на протест против ненајавена сеча на шумата

4

Жителите на Љубојно денес повторно излегуваат на протест поради ненајавената сеча на шумата над селото. На местото на интервенцијата тие истурија песок на патот со цел да го оневозможат пристапот на машините, а најавија и целосна блокада од утре во 5 часот наутро.

Месното население реагира дека никој не ги информирал за причините и законитоста на сечата, ниту дали таа се врши по план. Загрижените жители испратиле писмо до „Македонски шуми“, градоначалникот на Ресен, Министерството за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина.

Во документот предупредуваат дека активноста предизвикува сериозна еколошка штета, загрозувајќи ја флората и фауната, го нарушува туристичкиот потенцијал и претставува закана за локалната заедница. Од надлежните бараат итно запирање на сечата, официјално образложение и вклучување на претставници од селото во идните одлуки за управување со шумскиот фонд.

Makedonski