Продолжува топлотниот бран – температури до 39 степени

5

Македонија денеска и утре ја очекува уште еден врел ден со сончево и многу топло време, проследено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток, кој на некои места може да донесе краткотрајно освежување, но температурите ќе останат високи.

Во Скопје се предвидува идентична временска слика – сончево и жешко, со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималните утрински температури низ земјата ќе бидат меѓу 12 и 23°C, а дневните максимуми ќе достигнат од 32 до 39°C.

Слични услови ќе продолжат и во четврток, со температури во истите граници и високи вредности на УВ индексот.

Метеоролозите апелираат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот и да внимаваат на ризикот од топлотен удар и дехидрација.

Makedonski