Притвор за малолетник и уште две лица по убиството во Тетово

4

По повеќе од шест часа рочиште во Основниот суд во Тетово, судијата, во присуство на претставници од Центарот за социјална работа и јавниот обвинител, определи мерка притвор за малолетниот Л.М. од село Гајре, осомничен како соучесник во убиство. Притвор е одреден и за уште две лица – З.М. и М.Т.

Обвинителството отвори истрага за повеќе кривични дела:

  • убиство (член 123),

  • неовластено производство и поседување оружје,

  • тешки кривични дела против јавната безбедност.

Според обвинението, на 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првоосомничениот и малолетникот (роден 2010 година) со автоматска пушка, забранета за цивилна употреба, пукале кон возило „Голф“. При тоа го убиле возачот, тешко го повредиле совозачот со два куршума во градниот кош и раниле дете родено во 2012 година во десното бедро.

По нападот, осомничените го напуштиле местото на настанот. Едно од повредените лица, Р.Т., се наоѓа на лекување во Клиничката болница „Мајка Тереза“ под безбедносен надзор.

Обвинителството побара притвор за сите осомничени, вклучително и за малолетникот.

Makedonski