Тачи: ДПА нема да биде дел од владината коалиција

4

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, изјави дека соработката со актуелната влада е „практично невозможна“. И покрај интензивирани разговори во последните месеци, тој вели дека партиите немаат заеднички точки и официјално ги затвора преговорите.

„Покажавме желба за конструктивност, но немаме ништо заедничко со политиката на оваа влада и нема да имаме“, рече Тачи.

Тој потврди дека пропаднале и разговорите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во недела ќе заседава Централното собрание на ДПА, кое ќе донесе одлуки за понатамошните активности на партијата.

ДПА беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, но пред околу 10 месеци Тачи најави дека ќе ја напуштат.

Makedonski