Неусвоени измените на Изборниот законик – пропадна предлогот за намалување на процентот на потписи за независни кандидати

6

Собранието на денешната вонредна седница не ги усвои предложените измени на Изборниот законик, со кои независните листи за советници и кандидати за градоначалници требаше да обезбедат најмалку 0,95 отсто потписи од запишаните избирачи во конкретната општина или во Град Скопје.

Во комисиската расправа партијата Левица предложи процентот да се намали на 0,5 отсто, амандман што беше прифатен од сите пратенички групи освен од Европскиот фронт.

На пленарното гласање за измените се изјаснија 66 пратеници „за“ и 18 „против“, но бидејќи во рамки на немнозинските заедници 18 гласаа против, а 11 „за“, измените не поминаа.

Освен процентот на потребни потписи, предлогот предвидуваше и ново дефинирање на интернет порталите согласно Законот за медиуми.

Првиот круг од локалните избори е закажан за 19 октомври, а вториот ќе се одржи на 2 ноември.

Makedonski