Перез не е задоволен од улогата што Анчелоти му ја дава на Модриќ
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен од улогата што Карло Анчелоти му ја додели на ветеранот Лука Модриќ оваа сезона. Шефот на „кралевите“ високо го цени 39-годишниот Хрват за неговиот придонес во клубот во изминатите 12 години, но смета дека повеќе не треба да има значајна улога во тимот.
Статистиката покажува дека Италијанецот го користел Модриќ на сите 26 натпревари на тимот оваа сезона, а Хрватот стартувал 40 отсто од нив.