Две продолженија и победа за Сакраменто, Мајами „прокоцка“ плус 17 (ВИДЕО)
Две продолженија се одиграа на дуелот меѓу Сакраменто и Мајами, а победник излезе домаќинот кој славеше со 123-118. Дерозан беше ладен како мраз, сам го скрши второто продолжение кога постигна девет од 11-те поени на неговиот тим. Мајами имаше водство од 17 поени на 11 минути до крајот, но не беа доволни за победа.
Детроит – Портланд 118:115
Филаделфија – Феникс 99:109
Бруклин – Индијана 99:113
Њујорк – Орландо 94:103
Торонто – Милвоки 104:128
Чикаго – Сан Антонио 114:110
Мемфис – Далас 119:104
Минесота – ЛА Клиперс 108:106
Сакраменто – Мајами 123:118 пр.