Телефонски разговор на Муцунски со новиот министер за надворешни работи на Бугарија, Георгиев

11

Како што објави на мрежата Икс, Муцунски во разговорот ја изразил решеноста за јакнење на партнерството и  унапредување на соработката.

Муцунски на Георгиев му честитал и за назначувањето на функцијата.

„Имав пријателски прв телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му го честитав назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок“, напиша Муцунски на Икс.

 

Makedonski